АХВ: Нема информација за небезбедни житни снегулки од „Нестле“

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека досега преку Системот за брзо предупредување на Европската Унија – РАССФ нема добиено нотификација за небезбеден производ – житни снегулки „Нестле Нестум Експерт со зоб и суви сливи“, којшто компанијата „Нестле Адриатика“ превентивно го повлекува од хрватскиот пазар.

Производот се повлекува по добиена нотификација дека сличен производ на пазарот на ЕУ содржи зголемени вредности на полициклични ароматични јаглеводороди.

Според податоците од Системот за брзо предупредување на Европската Унија, производот е дистрибуиран во Белгија, Холандија, Грција, Бурунди и Уганда и овие земји треба да преземат мерки за негово повлекување и за информирање на јавноста.

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека има добиено известување од компанијата за повлекувањето на производите и оти будно ја следи состојбата. Доколку се јави потреба, велат од АХВ, веднаш ќе бидат преземени потребните мерки за безбедност.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он