Намален дотокот на вода во водоводниит систем во Крива Паланка

Од:

Издашноста на изворите од Калин Камен од каде што Крива Паланка се снабдува со вода за пиење е намалена, информираат надлежните од Јавното претпријатие „Комуналец“ кои стопанисуваат со системот за водоснабдување.

Потрошувачката на вода периодов е зголемена и не може да се покрие комплетно побарувачката.

– Високите зони од градот немаат проблеми со вода за пиење, поради направените системи за висока зона лев и висока зона десен брег на Крива Река. Поради намалената вода од изворите на Калин Камен проблем се јавува кај понискиот реон во средната зона. Се прават напори проблемот да биде решен, бидејќи нема рестрикции, но доаѓа до намален притисок на вода во домаќинствата во одредени периоди од денот, изјави Томе Тодоровски, директор на ЈП „Комуналец“.

Апелира граѓаните совесно и рационално да ја користат водата, не и за наводнување.

– Голем проблем се јавува во недела, кога во текот на целиот ден е евтина струјата и граѓаните користат можност за обавување на повеќе работи во домаќинството. Поради тоа настануваат многу дефекти во системот, пукаат линии и дополнително ја отежнуваат нашата работа, тоа е проблем кој се провлекува долго време,рече раководителот на Водовод во претпријатието, Станоја Јанкулов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка