Уникатниот „Ламборџини Концепт С“ оди на аукција

Од:

Уникатниот модел „Ламборџини Концепт С“ ќе биде продаден на аукција во август во Калифорнија.

Кога еден „Ламборџини“ ќе се најде на аукција, тоа привлекува големо внимание, а посебно тоа се однесува на ретките модели.

„Ламборџини Концепт С“ од 2006 година, кој ќе оди на аукција во август, е единствен таков автомобил на светот. Всушност се работи за „Галард“ без покрив, а не за „Спајдер“ кој имаше подвижен покрив, шофершајбна и друго.

„Концептот С“ прво беше претставен како дизајнерска студија во 2005 година и не беше во возна состојба. Намерата на „Ламборџини“ беше да даде почест на едноседите и тркачките автомобили со отворен кокпит. Освен што го одвојува возачот од совозачот во посебни кокпити, централниот дел овозможува подобро ладење на В10 моторот.

Прототипот немаше мотор, но „Ламборџини“ потоа се одлучи да произведе целосно функционален автомобил. Намерата беше да се произведат 100 автомобили и да се понудат на верните купивачи.

Меѓутоа, трошоците станале преголеми, а самиот процес на производството предолг, па по првиот автомобил производството било прекинато, а програмата откажана. Поради што „Концепт С“ е единствен на светот.

Автомобилот е продаден на приватен колекционер, но на барање на компанијата се појавувал на многу изложби и настани ширум светот. Поминал само 180 километри.

Автомобилот беше понуден на продажба и во декември 2015 година и се очекуваше дека ќе биде продаден по цена од 2,4 до 3 милиони долари, но добиената цена не беше задоволувачка, па продажбата пропадна.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска