Адидас ангажирал 12 уметнички за да дизајнираат посебен вид Албатрос патики за секоја држава во САД. Уметничките биле избрани преку страницата Refinery29, а инспирација биле детали кои се поврзуваат за секоја од државите.
Инспирацијата за Висконсин било сирењето, а за Џорџија праските, за Алабама цвеќето, за Алјаска планини покриени со снег, за Аризона залезот на Сонцето, за Арканзас патриотизмот и рудниците на дијаманти, за Калифорнија „омбре” небо во време на залез на Сонцето…
Патиките се продаваа на онлајн аукција, а приходите ги доби здружението Women Win кое е посветено за јакнење на жените лидери.