Компанијата Атари произведе качкети со Блутут звучници

Од:

Американската компанија Атари произведе качкет со звучници кои се вградени на штитникот. Качкетот има и микрофон и Блутут уред кој може да се поврзе со мобилен телефон за пуштање и слушање музика. Иако Атари смета дека сите качкети во иднина треба да имаат вакви додатоци, многумина не се согласуваат со тоа. Атари најави дека ќе продолжи да го развива изгледот на качкетот додека целосно не успее да ги сокрие звучниците, микрофонот и Блутутот.

Овој качкет всушност функционира како секој друг Блутут звучник, само што не може да се носи на глава. Доволно е со притисок на едно копче да го вклучите Блутутот и да го поврзете качкетот со вашиот мобилен телефон. Секој звук од мобилниот потоа се репродуцира на звучниците кои се сместени под штитникот на качкетот.

Качкетот звучник, како што официјално го нарекоа од Атари, се уште не е во продажба, но сите кои сакаат да го пробаат можат да се регистрираат да бидат почетни тестери. Еден од тестерите на кого на домашна адреса бил доставен качкетот е Марке Драгон. Тој на ЈуТјуб сподели видео за презентација на спецификациите на качкетот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска