Милошоски: Разочаран сум што пратениците од Охрид не гласаа амандаман за штетите од земјотресите во Ресен, Охрид и Струга

Од:

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, изразувал разочарување, не толку од пратениците на ДУИ или од Алијансата на Албанците, колку од пратениците од Охрид, Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска, што не прифатиле ниту еден интервентен амандман од 2 милиони евра кој би можел да биде на располагање на граѓаните кои претрпеле штети во Ресен, Охрид и Струга по серијата земјотреси што се случија минатиот месец.

-Досега имаме информација во трите општини има над 850 пријавени штети на лични, приватни објекти, а истовремено се смета дека ќе биде потребно да се провери статистиката на одредени јавни објекти како што се училишта, градинки, цркви, џамии, посебно во постариот дел на Охрид кои што би можеле да имаат претрпено некои оштетувања, но не мора веднаш и да се видливи. И затоа цениме дека со ова пратениците од Охрид пропуштија можност да алоцираат мала сума, но сепак важна сума на средства која што ќе може после проценките на овие штети да им биде од помош на Охриѓани, Стружани и Ресенчани, рече Милошоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито