Член на обезбедувањето во израелската Амбасада во Аман отворил оган кон Јорданец

Од:

Израел соопшти дека член на обезбедувањето на израелската Влада во главниот град на Јордан, Аман отворил оган и убил двајца Јорданци за време на судир.

Ова е прва информација од израелската страна во врска со инцидентот, за кој претходно денеска соопшти јорданската Дирекција за безбедност.

Пукотниците се случиле вчера во станбен комлекс, користен од персоналот на израелската Амбасада.

Двајца јордански работници влегле во зградата под изговор дека ќе разменуваат мебел. Едниот од нив го нападнал припадникот на израелското обезбедување со шрафцигер. Израелецот отворил оган и го убил работникот – 17-годишен Јорданец, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Според Министерството јорданскиот сопственик на апартманот, во кој се случил инцидентот, бил случајно застрелан и потоа починал од повредите.

Јордан побара истрага за инцидентот и го повика персоналот во израелската Амбасада да не ја напушта дипломатската мисија.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите