Успешно уништена авионската бомба во Штип

Од:

Успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред речиси еден месец беше пронајдена во непосредна близина на штипската фабрика „Актива“ која прозведува делови за автобуси.

Облак од прашина и силна експлозија се случија во 16:45 часот на локацијата каде што стручните тимови на АРМ и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ја спроведуваа акцијата за уништување на бомбата.

Директот на ДСЗ Шабан Салиу изјави дека нема повредени луѓе ниту материјална штета на стопанските објекти кои се во непосредна близина. Тој истакна дека стручниот тим на АРМ професионално ја детонира бомбата тешка 260 килограми, а во која имаше 170 килограми експлозив тротил. Бомбата најпрвин беше опшиена со динамит и поставена во дупка длабока 4 метри, по што беше затрупана со песок од 2 метра, а на висина од 4 метри беа поставени кадрони и талпи. Салиу посочи дека при експлозијата песокот ја амортизира брзината на движењето на шрапнелите кои се забиваат во кадроните.

Додека се детонираше бомбата сообраќајот на обиколницата која води кон Кочани и Струмица беше во прекин поради безбедноста на возачите кои транзитираат кон градовите во источна и југоисточна Македонија, а ЕВН ја исклучи електричната енергија во тој дел на индустриската зона во Штип.

Акцијата претпладнето беше стопирана речиси четири часа на барање на сопствениокот на „Актива“, Илија Николов, кој стравуваше за штети на објектот и на десетте ласерски машини кои, спроед него, при помал потрес ќе мора околу 20 дена да се штелуваат за повторно да се вклучат во производство. Но, стручните тимови на АРМ и ДЗС, сепак, одлучија да ја почитуваат донесената одлука бидејќи постоеше поголем ризик по човечките животи доколку бомбата се дислоцираше.

Капетан Трајчо Савески изјави дека ризикот за дислокација на бомбата потоеше од двете запалки од кои едната била хемиска.

– Утврдено е дека станува збор за хемиска запалка која е од посебен карактер и за која не се препорачува поместување на самата бомба. Конкретно самите запалки не доаѓа во предвид да се одвртуваат или на кој било начин да се третираат, рече Савески.

Оваа авионска бомба на 6 април 1941 април била фрлена од германски авион за да го уништи аеродромот „Сушево“ и железничката пруга.

Директрот на ДЗС Шабан Салиу вели дека од 2004 година досега се униште 10 вакви авионски бомби од Втората свестка војна.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“