Мигрант физички нападнат и ограбен од тројца Пакистанци

Од:

Дваесет и тригодишен Пакистанец, кој на 19 јули пристигнал во селото Ваксинце, бил физички нападнат и ограбен од страна на тројца Пакистанци.

Полицијата денеска соопшти дека случајот е пријавен вчера во СВР Куманово од страна на дежурниот во полициската станица Сопот кој информирал дека 23-годишниот А.Ф. изјавил оти бил ограбен од тројца пакистанци кои му одзеле 150 евра.

Од извршениот разговор со него утврдено е дека тој со група мигранти пристигнал во Ваксинце каде бил пречекан од тројца пакистанци кои биле задолжени за пречекување и испраќање мигранти надвор од Македонија. На 21 јули околу 22 часот, тие на сите лица од групата им побарале по 2.000 евра од лице за да ги пренесат преку граница во Република Србија. Бидејќи А.Ф. немал пари, еден од организаторите го нападнал, удирајќи го со два удари по лицето, по што му ги одзел парите и го оставиле. А.Ф. е пренесен во Транзитниот центар – Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници