Продолжуваат антивладините протести во Венецуела

Од:

Венецуелската полиција го приведе номинираниот судија во Врховен суд, Анхел Серпа, соопшти опозицијата.

Опозиционерот Хулио Борхес на Твитер напиша дека властите немаат оправдание за приведување на судијата Серпа и ја обвини полицијата дека е „во служба на диктатурата“ на претседателот Николас Мадуро.

Владата на Мадуро одбива да ги признае 33 судии во Врховниот суд, именувани од Параламентот, кој е под конторла на опозицијата.

Опозицијата по синоќешните судири со полицијата најави уште 48 часа генерален штрајк што ќе се одржи в среда и в четврток.

Неколку илјади луѓе синоќа се обидоа да протестираат пред Врховен суд, во знак на поддршка на судиите именувани од опозицијата, но беа спречени од полицијата.

Демонстрантите фрлаа со камења и Молотови коктели, а полицијата употреби солзавец.

Антивладините протести во Венецуела траат четири месеци при што загинаа најмалку 97 луѓе, а илјадници се повредени или се во притвор.

Во меѓувреме неименувам американски претставник најави дека САД размислуваат да воведат санкции кон Венецуела, во чии рамки би можеле да ја запрат испалата на нафта.

Американската администрација има за цел да изврши притисок врз Мадуро за да се откаже од плановите за спорниот нов Парламент, со кој би се зацврстила неговата положба како диктатор.

Планот на Мадуро до сега го осудија Европска унија, Обединети нации, Организацијата на Американски Држави и Католичката црква.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски