Дојран на референдум решава за „Казандол“ и за нови рудници

Од:

Жителите на општина Дојран денеска на локален референдум ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ продолжување со работа на рудникот „Казандол“ кој се наоѓа на територијата на соседната општина Валандово и дали се „за“ или „против“ отворање на рудници за металични суровини на територијата на општина Дојран.

Право на глас имаат 2.747 граѓани кои можат да гласаат на осум избирачки места. За да биде успешен референдум треба да излезат 50 отсто плус еден од граѓаните со право на глас, односно најмалку 1.374 гласачи.

Дојранчани денеска на локален референдум се изјаснуваат по прашањата дали се за или против продолжување со работа на рудникот „Казандол“ кој се наоѓа на територијата на соседната општина Валандово и дали се за или против отворање на рудници за металични суровини на територијата на општина Дојран.

– Избирачките места беа отворени на време и изјаснувањето на локалните жители по овие прашања тече нормално. Гласањето почна на време во сите избирачки места и очекувам референдумот да помине во најдобар ред, рече Митко Андонов, претседател на Општинската изборна комисија.

Референдумот во Дојран беше распишан на барање на граѓаните кои стравуваат дека рудникот „Казандол“, но и потенцијалното отворање на рудникот „Башибоз“ на планината Беласица се еколошка закана по земјоделството, туризмот и за Дојранското Езеро. Советот на Дојран три пати носеше одлуки за одржување референдум, откако градоначалникот одбиваше да ги потпише со образложение дека работата на рудникот „Казандол“ не е во надлежност на општината, туку на владата и за тоа таа треба да донесе став.

Дојран е трета општина од југоисточна Македонија која референдумски се изјаснува за прашањето на рудниците. Претходно успешни референдуми се одржаа во Гевгелија и во Богданци каде што жителите се изјаснија против отворање на рудници.

Референдум за „Казандол“ на 20 август треба да се одржи и во општина Валандово.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски