ВМРО-ДПМНЕ: Во министерството за финансии владее хаос поради неспособноста на Тевдовски

Од:

„Министерот Тевдовски, владата на СДС и Зоран Заев од ден во ден тонат во своите лаги.

Сакајќи да ја оправдаат својата лага на Заев дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од 1 милијарда евра излегоа на брзо плета прес конференција во која ставиле се на куп и долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија и слично. Патем за скандалот да биде уште поголем тие во оваа манипулација користат и обврски кои се уште не се доспеани за наплата.

Ова само кажува каков хаос владее во министерството за финансии, пред се поради неспособноста и дезориентираноста на министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тоа преставува опасност по целокупната држава.

Тевдовски недозволиво се обидува недоспеани обврски на државата да ги брои во долгови, само за да манипулира со бројките и да му удоволува на својот лидер и на партиските интереси.

Тевдовски води сериозно министерство. Тој веќе во континуитет покажува дека ја користи позицијата за да тера ситно партиски интереси. Тоа значи Зоран Заев излегува на изјава и од ракав кажува бројка дека централната власт има скриен долг од 1 милијарда евра, а Тевдовски потоа брза да го оправда ставајќи нереални бројки, броејќи долгови на општини, а не би не зачудило да почне да го припишува долгот на Бугарија, Албанија и Данска на контото на Македонија, само за да го удоволи својот лидер.

Тевдовски за жал само во неколку дена создаде долг од над 4,5 милијарди денари само по основ на аукции на државни записи. Тевдовски предложи ребаланс на буџет со кој се кратат сериозни ставки и проекти од областа на образованието и земјоделството.

Тевдовски дозволи буџетот да се креира така што ќе се овозможи партизирање на државната администрација и вдомување на партиски војници и шарени револуционери, на сметка на професионалноста.

Тевдовски од министерството за финансии создаде институција која ќе спроведува директиви од општинските организации на СДС.

И од СДС да е, и од Тевдовски да е, премногу е“, изјави Лилјана Затуроска.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било