Парламентот на Филипини ја продолжи воената состојба на Минданао до крајот на годината

Од:

Филипинскиот Парламент гласаше за продложување на воената состојба на јужниот остров Минданао до крајот на годината, со што претседателот Родриго Дутерте добива на време да го задуши бунтот на екстремистите поврзани со Исламска држава, пренесе ДПА.

За продолжување на воената состојба гласаа 261 пратеници на редовното неделно генерално заседание на двата дома на Парламентот. Воена состојба ја поддржаа 245 пратеници на Претставничкиот дом, а 14 гласаа против. Барањето на Владата доби поддршка и од 16 сенатори, а само четворица беа против. Филипинскиот Парламент има вкупно над 300 пратеници.

Пред гласањето припадници на безбедносните сили пред пратениците изјавија дека воената состојба е неопходна за да се стабилизира регионот, во кој Исламска држава стекнуваше влијание. Власта стравува дека нејзините поддржувачи може да бидат потикнати да почнат бунт во регионот на Минданао, доколку бидат поддржани од странски џихадисти.

Дутерте воената состојба на Минданао ја воведе на 23 мај кога околу 600 екстремисти го опколија градот Марави по обидот за апсење на локален лидер на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски