Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести а врз основа на одлуките на Советите на општините Дебар и Центар Жупа, утре ќе биде спроведена превентивна систематска дезинсекција против комарци, како општа противепидемиска мерка.
Како што извести Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје Охрид, теристичката (од земја) дезинсекција ќе се врши во периодот од 21 часот (недела), до понеделник во пет часот наутро и тоа со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Поради тоа се замолуваат сите граѓани кои одгледуваат пчели, да превземат соодветни мерки за нивна заштита.
– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени локациите каде што појавата на инсекти е и најголема, градската депонија во Дебар, локациите на крабрежјето на Дебарското Езеро, по течението на реките Радика и Црн Дрим, места каде има диви депонии и други локации, стои во известувањето на Центарот.
Во случај на појава на неповолни временски услови, ветер или дожд, дезинсекцијата се одлага за следниот поволен ден.
Оваа активност се реализира секоја година а општините имаат законска обврска да извршат дезинсекција против комарци.