Во протестите на опозицијата во Венецуела против претседателот Николас Мадуро погинаа повеќе од 100 луѓе од почетокот на април, соопшти денес обвинителството на Венецуела.
Опозицијата во Венецуела секојдненво протестира во повеќе градови во земјата. Тие ги повикуваат граѓаните утре да им се придружат на голем протестен марш.
Мадуро рече дека нема да се откаже од промените во политичкиот систем на земјата и покрај протестите и предупредувањата од САД дека се спремни да воведат економски санкции.
Претседателот на Венецуела планира на 30. јули да одржи избори за членовите на уставното собрание кое што би требало да го измени политичкиот систем и да ја зацврсти на власт партијата на Мадуро.