Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте денес изјави дека нема да ги посети Соединетите Американски Држави додека е на претседателската позиција бидејќи веќе ја имал видено Америка и била „без врска“.
На конференција за новинарите тој беше запрашан да го прокоентира конгресменот од Масачусетс, Џемјс Мекговерн, кој изјави дека би протестирал доколку Дутерте бил поканет во САД.
– Зошто тој мисли дека јас ќе одам во Америка? Нема да одам во Америка за време на мојот мандат, па ни потоа. Веќе ја имам видено Америк и е без врска, изјави Дутерте.