Тројца Палестинци загинаа, а 400 се повредени при судири со израелската полиција

Од:

Тројца Палестинци ги загубија животите, а 400 се повредени при судири со израелската полиција во Ерусалим и Западниот брег по контроверзните безбедносни мерки воведени од израелска страна на Храмот на ридот.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека е можно бројот на загинати да се зголеми со оглед на голем број повредени кои се во критична состојба.

Третиот Палестинец бил застрелан во градите во Абу Дис, источно од Ерусалим. Починал во болница во Рамала.

Палестинците не го одобруваат минатонеделното поставување на детектори за метали на влезовите на Храмот на ридот. Тоа беше одобрено откако беа нападнати израелски полицајци минатата недела. Храмот на ридот или Плоштадот на џамиите се наоѓа во Источен Ерусалим, палестинскиот дел од градот, анектиран од Израел.

Би можело да ве интересира

Американски претставници на средба со Нетанјаху: Примирјето со Хезболах мора да ја гарантира безбедноста на Израел

А1он

ВИДЕО: Најсмртоносен напад на Хезболах на Израел, убиени петмина

Катерина Ѓуровски

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Новиот шеф на Хезболах: Напуштете ја нашата земја, ако останете ќе платите

Најмалку 19 загинати Палестинци во новиот израелски напад на Газа

Хезболах тврди: Нетанјаху е исплашен бидејќи е наша мета

Горан Наумовски