„Нисан Леаф“ ги укинува сопирачките, се ќе биде на една педала

Од:

Компанијата „Нисан“ на почетокот на септември ќе ја претстави новата верзија на своето електрично возило „Леаф“, а со него ќе стигне и потегот што може да претставува мала револуција, но и целосна катастрофа.

Во прашање е технологија e-Pedal, што целоната контрола на движењето на возилото ја префрла врз само една педала, што истовремено ќе служи и како гас и како запирачка. За кумплунгот од поодамна не се размислува.

Имено, кога се притиснува на гасот возилото забрзува, а со отпуштањето на педалата не само што се одзема гасот, туку се ангажираат и запирачките. Кога педалата се отпушта, возилото застанува.

„Нисан“ соопшти дека во прашање е првиот систем за управување на возило со една нога и дека оваа технологија „покрива 90 отсто од потребите за возење“.

Тоа секако значи дека преостанатите десет отсто и натаму се грижат старите добри кочници, а на системот e-Pedal се преминува со притискање на копче.

Во согласност со ерата на маркетинг, од компанијата порачуваат дека „возењето со оваа технологија ќе биде поедноставно и повозбудливо“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска