Студентки од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ), создадоа апарат што моментно конвертира пишан текст во Брајово писмо, со помош на мала камера за препознавање букви и зборови.
Надзорникот на шесте млади иноваторки, Пол Паравано смета дека уредот наречен „Тактајл“ е своевидна револуција во информатичката индустрија и во начинот на кој лицата со оштетен вид ги примаат пишаните информации. Следува собирањето парични средства за усовршување на иновацијата, како и за нејзино масовно производство.
Кога ќе биде патентирана, направата би чинела најмногу 200 долари, се надеваат од иноваторискиот тим, што значи дека ќе чини многу помалку од досегашните вакви уреди.