Акумулацијата Калиманци располага со 55 милиони метри кубни вода и според планот за наводнување се испорачува до крајните корисници на двата магистрални канала.
Како што информира подружницата на ЈП „Водостопанство“, во десниот магистрален канал се испорачуваа 9,5 метри кубни во секунда, а во левиот четири метри кубни.
Состојбата со снабдување со вода во „Хидрауличка целина“ – Свети Николе е нормализирана. Дистрибуцијата се врши според потребите на водокорисниците и временските услови, согласно динамиката и планот за испорака.
Според „Водостопанство“, секојдневно се следи состојбата со високите температури на терен, а вода се испорачува согласно потребите и нарачките.