ВИДЕО: Опасност од прелевање на браната „Калиманци“, запрен истекот на водата од „Вруток“

Од:

Поради врнежите што го зафатија регионот во изминатите денови дојде до зголемување на дотокот во брана „Калиманци“ извести центарот за управување со кризи. Според информациите од Водостопанство „Брегалница“ од Кочани, во моментот, дотокот е 25м3/с со тенденција да расте.

Поради тоа во наредните часови браната може да се случи да се прелее од покаченото езерско ниво. Како сигурносна мерка, надлежните за Браната, ќе го зголемат испустот на вода преку хидроелектричната централа (ХЕЦ). Речиси сите реки низводно се со зголемен водостој и поради тоа можно е нивно излевање на одредени места.

Исто така, во ЦУК е добиено известување дека на патниот правец „Долни Подлог – Облешево“ во близина на оранжериите „Зелена Куќа“ водостојот на Кочанска Река е на максимално ниво и е можно да го преплави мостот. Известени се во полицијата – СВР Штип за да навремено да се обезбеди мостот.

Претходно, Центарот за управување со кризи информираше дека целосно е сопрен истекот од ХЕЦ „Вруток“ за да нема дополнителен прилив на вода во коритото на реката Вардар. Нивото на реката Вардар е високо, па ова е превентивна мерка од можните излевања на реката во Полог.

Низ земјава се уште е висок водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар и таму се очекуваат локални излевања на реката, особено во Полог.

Висок е водостојот на Вардар и во Скопје. Зголемен водостој се очекува и низводно од Скопје кон Орешани, Зелениково, Таор и Велес поради движењето на поплавниот бран.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

Жена од охридско се загубила синоќа берејќи печурки, пронајдена е утрово

Катерина Ѓуровски

Од невремето во Кочани поплавени домови, паднати дрвја, скинати кабли од електрични линии

Катерина Ѓуровски

Се воведува европскиот број за итни повици Е-112

Експертите согласни за недоследностите во системот за управување со кризи и заштита и спасување

А1он

Попладне седница на Главниот штаб за управување со кризи

Катерина Ѓуровски