Во езерото Калиманци акумулирани 78 милиони метри кубни вода

Од:

Врнежите од дожд кои во последните три дена ја зафатија источна Македонија иако не обилни, сепак, го зголемија нивото на водата во акумулацијата Калиманци. Од Водостопанското претпријатие „Брегалница“ од Кочани истакнуваат дека во перидот од 23 до 25 мај се потрошени 458 илјади метри кубни акумулирана вода.

Мерењата покажуваат дека средниот доток на вода изнесува 3,5 метри кубни во секунда, додека средниот истек на вода за полнење на нивите под ориз изнесува 6,4 метри кубни вода во секунда.

Иако нивото на акумулираната вода е намалено за 14 сантиметри, во акумулацијата Калиманци со денешниот датум има 78 милини и 926 илјади метри кубни вода, што е задоволителна количина ако се има предвид податокот дека пред месец дена наводнителната сезона започна со 75 милиони метри кубни акумулирана вода.

Од Водостопанство „Брегалница“ велат дека овие колични вода заедно со проточните води од Кочанска, Зрновска, Злетовска и реката Брегалница ќе бидат насочени за извршување на наводнителната сезона за површините под ориз кои со рестрикцијата поради сушата, се застапени на 2500 хектари во атарите на општините од регионот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасност од прелевање на браната „Калиманци“, запрен истекот на водата од „Вруток“

Катерина Ѓуровски

Санација на главниот испусен вентил на акумулацијата Калиманци

Ана Ололовска

Калиманци со 45 милиони метри кубни вода, дистрибуира на двата канала

Ана Ололовска

Калиманци со 55 милиони метри кубни вода, дистрибуира на двата канала

Ана Ололовска

Се зголемува водостојот во акумулацијата Калиманци

Ана Ололовска

Се уште се трага по мажот и автомoбилот во акумулацијата Калиманци

Предраг Петровиќ