Во велешко Отовица почна изградба на фекална канализација

Од:

Во велешкото село Отовица денеска почна да се реализира проектот „Заштита на водите на велешкото езеро „Младост“ преку регулирање на отпадните води“.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, кој денеска изврши увид во градежните работи, информира дека новиот канализациски систем ќе биде со должина од 2,5 километри. Со системот во ова населено место ќе бидат опфатени улиците „Благој Ѓорев“ и „Гоце Делчев“, односно седум краци од нив.

– Канализацијата ќе заврши со пречистителна станица. На тој начин ќе се елиминира секаква можност за загадување на водите во езерото „Младост“ кој е рекреативен центар на жителите на Велес, Отовица и од други градови од земјава, а посетено е и од голем број од транзитните туристи, рече Чадиев.

Носител на проектот е Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 7,6 милиони денари, средства кои се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој.

– Со реализацијата на овој проект директна корист ќе имаат околу триста жители на населеното место, со што конечно ќе се реши нивниот повеќедецениски проблем. По поставување на канализацискиот систем ќе следи и проект за поврзување на селото Отовица со вода од градскиот водовод на Велес, истакна Чадиев.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ