СДСМ: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Буџетот се доказ за нивното лицемерие

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со стотиците поднесени амандмани на Буџетот што е донесен токму од ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија уште еднаш потврди дека наместо за интересите на граѓаните, се грижеше единствено за криминалното богатење на партијата, а преку стотиците идентитчни амандмани кои до лани експерсно ги одбиваше, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето лицемерие кон граѓаните и државата.

Ребалансот на Буџетот става крај на нереалните проекци и непродуктивните трошоци што претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ планирала да ги прави за луксузи, репрезентации, службени патувања и реклами на штета на граѓаните.

Со ребалансот се поправаат економските штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните, се намалуваат животните трошоци и се создаваат услови за реално придвижување на економијата и севкупен економски раст“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он