Калајџиев, Најчевска, Арифи, Фрчковски дел од владиниот совет за реформи во правосудството

Од:

Универзитетските професори Борче Давитковски, Љубомир Фрчковски, Гордан Калајџиев, Мирјана Најчевска, Беса Арифи и Мерсим Максути се дел од Советот за реформи во правосудството. Советот е формиран од министерот за правда, Билен Саљили во понеделникот, а информацијата за А1он ја потврди Најчевска.

Дел од советот ќе бидат врховниот судија Фаик Арслани, претседателот на Апелациониот суд Гостивар, Шефајет Хајдари, Бурим Сејдини, претседател на Управниот суд и претседател на Основниот суд Скопје 2, Илир Сулејмани. Дел од тимот ќе бидат Мирјана Лазарова – Трајковска и Маргарита Цаца – Николовска, поранешни судијки на Европскиот суд за човекови права и слободи. Претставник од Уставниот суд е судијата Наташа Габер – Дамјановска.

Советот е дел од програмата на Владата 3-6-9, а го сочинуваат 17 надворешни членови и пет члена од Министерството за правда. Претседател на советот е министерот за правда, а негов заменик е заменикот-министер за правда Оливер Ристовски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски