(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за притвор за „Таргет“ и „Тврдина“ е скандалозна

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција пред Апелациониот суд побара „да се работи по законот и укажа дека е недозволиво да се потпаѓа под партиско политичките притисоци на СДСМ и СЈО“.

– Потврда за ова е последната одлука за притвор спротивно на правните аргументи. Одлуката е скандалозна со оглед дека не се земени во предвид аргументите на одбраната туку е водена според барањата на СЈО. Оваа хајка во која се вклучи и судот е со цел да изврши удар врз функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и врз самата партија. Овој притисок е оркестриран дотолку повеќе што во него се вклучија и медиумите блиски до СДСМ кои кревааат хистерија за апсења. Оваа хистерија е јасна зашто немаат аргументи и сакаат да апсат. Им порачуваме дека овие одлуки ке бидат преиспитани кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, како и одлуките на правосудните органи, рече Орце Ѓорѓиевски.

Од партијата не посочија точно на кои медиуми мислат, ама кажаа дека нив ги знаела целата јавност зошто ја поддржувале СДСМ и пред да дојде на власт, а сега кревале хистерија и вршеле притисок функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да одат во притвор.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски