Средба на Димитров со Матти Маасикас

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска оствари средба со заменик – министерот за надворешни работи на Република Естонија задолжен за европски прашања, Матти Маасикас, кој престојува во дводневна посета на Република Македонија.

По средбата министерот Димитров нагласи дека Естонија од секогаш била еден од нашите големи поддржувачи и му порачал на заменик-министерот Маасикас дека има доволно аргументи тоа да продолжи.

– Задоволни сме што во еден момент на ново поглавје, на нова надеж и нови напори да го отвориме европскиот пат на нашата земја, имаме претседателство што благонаклоно гледа кон оваа политика. Како една политика на проширување на Унијата, како една од најсилните алатки што Европа ја има да ги трансформира или да помогне во трансформацијата на нашите општества во регионот, да бидат европски демократии во кои ќе владее правото, истакна Димитров.

Министерот го информирал гостинот за домашната агенда за реформи за Планот 3-6-9, за добрососедската политика што ја отвори новата Влада на РМ, за посетата на Атина како и за затворањето на отвореното прашање со Бугарија.

– Зборувавме и за политичката криза и му објаснив зошто лекцијата што ја научивме не прави добри сојузници на Европската комисија, бидејќи целите се исти, да имаме независни институции, независно судство, слободни медиуми.., додаде Димитров

Заменик министерот на естонија Маасикас нагласи дека ЕУ ќе остане отворена и дека проширувањето врз основа на заслугите е тековна политика. Гостинот ја потврди одлучноста и решителност на Владата на РМ и порача дека тие заедно со партнерите во Советот на ЕУ ќе го поддржуват проширувањето на Западен Балкан.

Одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата за датум за преговори со ЕУ, Димитров рече дека без разлика кога и да почнат таквите преговори, Македонија мора пред се да направи реформи и дека потребно е обединување за нивно спроведување.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија