Пронајдената стара авионска бомба во Штип ќе се дислоцира од индустрискиот дел

Од:

Авионската бомба од Втората Светска војна денеска не беше уништена во индустриската зона, каде беше пронајдена од багерист при изведување на градежни работи. Надлежните од Дирекцијата за заштитат и спасување велат дека акцијата требало да се спроведе заеднички со стручни тимови на Министерствата за одбрана и за внатрешни работи, но била одложена бидејќи имало реакции од стопанствените на индустриските објекти кои се наоѓаат во непосредна близина на бомбата.

Стопанствениците реагирале дека при уништувањето на бомбата во опасност ќе се доведе и функционирањето на нивната современа опрема, а исто така потребни се и потребни мерки за заштитат на населението и вработените во индустрискиот дел на градот.

Заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Екрем Зендели вели дека донесена е одлука за дислокација на бомбата и нејзино уништување на место кое е безбедно и нема да остави последици врз населението и врз објектите во градот Штип, и оти кога ќе се дислоцира авионскиот проектил стар над седум децении ќе се знае веќе утре.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена