На популарниот индонезиски туристички остров Бали е изградена модерната куќа „Клеј Хаус“, која се еден необичен детал се разликува од останатите современи градби.
Необичниот детал е бродски транспортен контејнер, што се наоѓа на десната страна на куќата и е поставен под агол од 60 степени, со што изгледа како да „нишани“ кон небото.
Куќата се состои од неколку целини поставени на бетонски столбови, со што е надвисната над густата шума што ја опкружува и од неа се овозможува поглед кон блиските полиња и синилото на Индискиот Океан.
Куѓата има бела фасада со цел да овозможува рефлексија на Сонцето и да спречи прегрејување на внатрешноста на градбата.
Ѕидовите на куќата се изградени од глина во комбинација со песок, цемент и слама, согласно традиционалниот начин на градба. Ѕидовите се дебели 30 сантиметри, што е особено важно имајќи ја предвид преголемата влажност на воздухот и високите температури на Бали.
Изолацијата на куќата е изработена од пресувани бамбусови прачки, кои се видливи во внатрешноста и одлично се вклопуваат со дрвениот мебел и камените подни плочки, кои создаваат уникатна комбинација на минималистичкиот и индустрискиот стил.