Најмалку 20 цивили загинаа во воздушен напад во областа Наваза во јеменската југоисточна провинција Таез, соопшти ОН.
Нападот е извршен вчера на пладне врз група раселени Јеменци, пренесува БТА.
Очевидци наведоа дека нападот бил изведен од страна на воени авиони на меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија, што се бори против шиитските бунтовници во Јемен.