„Хјундаи“ сака до 2021 година да стане најпродаван автомобилски бренд во Европа

Од:

Јужнокорејската компанија „Хјундаи“ пред себе си постави многу амбициозна цел, сака до 2021 година да стане најпродаваната автомобилска марка во цела Европа.

Плановите во јавноста ги изложи потпретседателот, Томас Шмид, на претставувањето на моделите „i30N“ и „“i30 Fastback“ во Дизелдорф.

– Нашите нови производи претставуваат значаен импулс во амбицијата до 2021 година низ цела Европа да лансираме 30 нови производи и верзии, рече Шмид.

Како важно скалило кон остварување на целта „Хјундаи“ ја гледа стратегијата за онлјан продажба, по урнек на американската компанија „Тесла“.

– Преку нашата нова дигитална платформа за само неколку недели продадени се 100 автомобили. Ние сакаме да ги направиме работите полесни за купувачите и затоа сме први во Европа според задоволување на барањата и очекувањата на потрошувачите, наведе Шмид.

„Хјундаи“ во 2016 година продаде повеќе од половина милион возила и се најде на 14-то место меѓу производителите во Европа. На чело на листата суверена е групацијата „Фолксваген“ со 1,7 милиони продадени примероци.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска