Почина Ангелина Иванова, пензионирана актерка во Драмски театар Скопје

Од:

Пензионираната актерка на Драмски театар Скопје Ангелина Иванова почина вчера на 89-годишна возраст.

Иванова е родена на 21 март 1928 во Крушевац. Завршила трети клас гимназија во 1946 година. Работела на Куклената сцена во Младинско-детскиот театар. Во Драмски театар Скопје работела до пензионирањето и одиграла повеќе од 80 улоги.

Меѓу нив се: Самовила Добрана (Волшебната гусла, 1954); Самовила Зеленка (Маѓепсникот од Оз, 1954); Елена (Кога бранот бучи, 1960); Вражалка/Дама/ Искуство (Авторбиографија, 1961) Госпоѓа Бамбли (Оливер Твист, 1963); Лај Му (Украдениот принц и Изгубената принцеза, 1963); Мирса (Бегалка, 1965); Госпоѓа Ерблеј (Кројач за дами, 1965); Баба (Дундо Марое, 1966); Марина (Бумеранг, 1969); Втората вештица (Макбет (1969); Шарлота (Оскар, 1970); Селанка (Богунемили, 1971); Костадинка (Свадба, 1972); Урганила (Јас, Клаудиј, 1972); Босица (Хамлет од Долно Гаштани, 1973); Црно срце (Најголемиот подвиг на витезот Сукало, 1974); Госпоѓа Травиќ (Нарачана комедија, 1974); Анѓа Врчек (Полнета птица, 1982)…

Драмски театар Скопје соопшти дека утре, 20 јули, ќе одржи комеморација за Ангелина Иванова со почеток во 10 часот.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија