Коѕиас: Турција не е подготвена за договор околу кипарското прашање

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас изјави дека неуспешните проговори за повторно обединување на островот Крит покажале дека Турција не е подготвена за договор околу тоа прашање.

Тој истакна дека преговорите во швајцарското туристичко место Кран Монтана не успеале поради настојувањето на Турција да ја остави својата војска на Кипар и да го зачува правото на воена интервенција на островот. Коѕиас нагласи дека при евентуални идни мировни преговори прво ќе треба да се реши тоа главно прашање.

Шефот на грчката дипломатија додаде дека евентуален нов круг на мировни преговори за Кипар треба да биде подобро подготвен.

Коѕиас упати критики до специјалниот пратеник на ОН за кипарското прашање, Еспен Барт Аиде дека изгледал неподготвен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент