Во духот на проектите од типот „направи сам“, белгиското дизајнерско студио „Маргеза“ редизајнираше, и опреми стан во центарот на Будимпешта.
Сместен во самото срце на овој прекрасен град, станот пружа неверојатен поглед на реката Дунав и зградата на Парламентот на Унгарија, што може најдобро да се искуси на пространиот балкон со ѕидови од цигла.
Ентериерот на домот е во бела боја, а неговиот модерен стил им пружа на станарите совршени, празни површини кои овозможуваат простор за работа и прилагодување, ако некогаш помислат да го редекорираат.
Секако, станот е веќе опремен со неверојатна селекција на разни вазни и додатоци, на кои ниту еден љубител на минимализмот не би можел да одолее.