Груби се сретна со словачкиот амбасадор Безак

Од:

Новоздадената ситуација во земјава, членството на земјата во евроатланските структури, добрососедството, јазичната еднаквост и реформите беа тема на разговор на денешната средба во Собранието на Република Македонија меѓу претседателот на собраниската комисија за европски прашања Артан Груби и словачкиот амбасадор Мартин Безак.

Амбасадорот Безак, информираат од Комисијата за европски прашања, ги поддржа евроатлантските аспирации на Македонија и изрази заинтересираност за да го помогне нашиот пат кон ЕУ и НАТО.

Груби го известил Безак околу едногласното донесување на Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ, како основ за системските реформи.

Тој ги покани словачките власти да помогнат во отстранување на условувањето на препораката за почеток на преговорите и да го помогнат нашиот пат кон НАТО.

Груби и Безак, исто така, дискутираа и за начинот на меѓусебниот придонес и словачката поддршка за реформите, како и за Законот за јазикот.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите