Дутерте побара продолжување на воената управа да го смири бунтот на југот на Филипини

Од:

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте од Конгресот побара да се продолжи воената управа на југот на земјата до крајот на годината, изјавувајќи дека бунтот нема да биде задушен до 22 јули, кога воената управа требаше да заврши.

Воената управа Дутерте ја прогласи на 23 мај, откако терористичката група, таканаречната Исламска држава, го опколи и блокира градот Марави, на југот од Филипини, пренесоа американските медиуми.

Во писмо до Конгресот, што денеска го прочита неговиот портпарол, Дутерте напиша дека ќе треба повеќе време да се смири бунтот и побара продолжување на воената управа до 31 декември годинава.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски