„Нутри зона на БИТ ФЕСТ“

Од:

Здружението за промовирање на здрава исхрана, „Нутри-зона-Битола“ вечер во Битола ќе ја промовира здравата исхрана и здравиот начин на живот кај широката популација.

Здравата и балансирана исхрана и доволната количина на внесена вода е важна за правилно функционирање на организмот на човекот во секој период од животот и во секоја состојба, најавија од „Нутри зона –Битола“ во пресрет на вечерашниот едукативен настан.

– Телесната тежина е објективен параметар кој сите можеме да го измериме, но сама по себе, таа не е доволна за да го одредиме степенот на исхранетост. Затоа е воведен индексот на телесна маса, според кој можеме да го одредиме тоа. Степенот на исхранетост укажува за здравствената состојба, но и сигнализира за предиспозиција кон одредени болести. Покрај тежината, за одржување на добра здравствена состојба важна е и хидрираноста на организмот, односно застапеноста на телесна вода, како и застапеноста на мускулно, коскено и масно ткиво. Сите овие параметри бесплатно ќе бидат одредени за време на едукативното предавање, за сите заинтересирани, а на прашањата во врска со здравата исхрана ќе одговори дипломиран нутриционист, информираат од „Нутри зона-Битола“.

Вечерашниот едукативен настан содржи презентации на истакнати професори од Технолошко–технички факултет, отсек нутриционизам, а предвидена е и работилница за најмладите на тема здрава исхрана и здрав начин на живот.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава