НФАПВ: Агенциите не смеат да наплаќаат никакви трошоци од кандидатите за вработување

Од:

„Во врска со последните случувања со одредени агенции за посредување при вработување за кои постојат информации за измама на кандидати за вработување во странство, сакам на целата јавност да и упатиме јасен апел да бидат претпазливи кога носат одлука за заминување на работа во странство.

Имено, според член 22, став 1 точка 4 од Законот за работни односи, и според Меѓународната Конвенција 181 за Приватните агенции за вработување, што Република Македонија ја има ратификувано, агенциите не смеат да наплаќаат никакви трошоци од кандидатите за вработување. Сите трошоци за вработување на лицата треба да се наплатат од компанијата/клиентот кадешто ќе се вработат лицата.

Според тоа, апелираме до сите заинтересирани кандидати, да не прифаќаат плаќање на било какви провизии и трошоци, пред или по заминување на работа во странство.

Националната Федерација на Агенции за вработување (НФАПВ) се залага за заштита на правата на работниците на прв план и ќе продолжи во таа насока да соработува и со надлежните инситуции да се подобри законската регулатива и истата да се почитува од сите лиценцирани агенции.

НФАПВ е тело кое има за цел да ги претставува агенциите, да лобира за подобрување на законската основа, да соработува со домашните и меѓународните институции, како и да јакне капацитетите на своите членови за развивање на пазарот на вработување“ се вели во соопштението на НФАПВ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата преку Фонд за млади умови и засилена практична настава ќе ја зголемува вработеноста на младите

А1он

Заев: Нови 49.552 вработувања за две години

А1он