Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево полноправен член на Светската асоцијација WASBE

Од:

Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево влезе во семејството на Светската асоцијација на дувачки оркестри WASBE, со што се отвора вратата за развој на фестивалот и надвор од Балканот. Проф.д-р Васил Ристов, долгогодишен член на жири-комисијата на фестивалот, истакна дека станувањето полноправен член во оваа Асоцијација за овој релативно млад фестивал и единствен за дувачки оркестри во Македонија, значи развој и излегување од локални рамки.

– На Конференцијата за Централна и Југоисточна Европа за дувачки оркестри која се одржа во Зрењанин, јас како претставник од Македонија, одржав презентација за фестивалот во Пехчево со цел да ја претставам традицијата на трубите и фестивалот кој опстојува седум години. Бев назначен за претстедател на Македонија во таа Асоцијација со што и автоматски се зачленив во Светската асоција со седиште во Чикаго. Исто така, и фестивалот во Пехчево влезе и официјално во тоа семејство за дувачки оркестри за Цетрална и Југоситочна Еврпа. Очекувам соработка со многу земји и сето ова ќе му донесе нов квалитет на фестивалот, рече Ристов.

За гадоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, ова е голем успех и можност за развој и нов квалитет на фестивалот.

– Со самиот тој факт, верувам дека ќе постигнеме поголем ефект и за Пехчево ќе дознаат многу поголем број граѓани од целиот свет. Нешто слично како развојот на Гуча, таму имаат гости од целиот свет и верувам дека ова ни ги отвора вратите за да излеземе од локални рамки и очекуваме тоа да се случи во нашето градче, истакна Поповски.

Со концертот на „Црвена јабука“ синоќа беше затворено седмото издание на фестивалот. И покрај лошите временски услови со силен дожд и ветар, сепак, синоќа Пехчево го посетија илјадници гости од цела Македонија и соседна Бугарија.

– Задоволни сме од трите фестивалски вечери, задоволни сме од посетата, илајдници гости го посетија Пехчево за овие три фестивалски вечери. Се надевам дека посетителите беа задовони од организацијата, а за догодина најавуваме нов изглед на фестивалот, кој треба уште повеќе да го подигне квалитетот на фестивалот, истакна директорката на Фестсивалот, Елица Јовевска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово