Хамас повика да се пука кон Израелци по нападот во Ерусалим

Од:

Исламски екстремистички Хамас кој има власт во Појасот Газа ги повика денеска Палестинците да ги напаѓаат израелските сили во Ерусалим, по затворањето на светото место во тој град поради вчерашниот смртоносен напад во кој беа убиени двајца израелски полицајци и тројца палестински напаѓачи.

Затворањето на светилиштето Брдо на храмот, Хамас во соопштение го означи како „верска војна“.

Портпарол на Хамас ги повика Палестинците на „востание“ за да пукаат врз израелската војска и еврејските доселеници на Зпаадниот брег.

Израел го затвори вчера тоа место и откажа традиционални молитви на муслимани во петок попладне, што многу ретко се случува, поради вооружениот напад. На тоа место се наоѓа џамијата Ал Акса трета по значење во исламот по Мека и Медина во Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Американски претставници на средба со Нетанјаху: Примирјето со Хезболах мора да ја гарантира безбедноста на Израел

А1он

ВИДЕО: Најсмртоносен напад на Хезболах на Израел, убиени петмина

Катерина Ѓуровски

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Новиот шеф на Хезболах: Напуштете ја нашата земја, ако останете ќе платите

Најмалку 19 загинати Палестинци во новиот израелски напад на Газа

Хезболах тврди: Нетанјаху е исплашен бидејќи е наша мета

Горан Наумовски