Собранието ја донесе завршната сметка за Буџетот за 2016. година

Од:

Со 92 гласа „за“, без воздржани и против, Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на осмата седница ја донесе завршната сметка на Буџетот за 2016 година.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението наведе дека вкупните приходи на Буџетот се реализирани во износ од 169,3 милијарди денари, а расходите во износ од 185,4 милијарди денари, поради што буџетскиот дефицит изнесува 16,1 милијарда денари, односно 2,7 проценти од БДП.

– Треба да учиме од грешките од минатото и да не дозволиме тие да се повторат, рече Тевдовски, кој вети дека на крајот на мандатот Македонија ќе има завршна сметка како Данска.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во денешната расправа посочија дека во времето на владата предводена од нивната партија се трошело домаќински, се зголемиле платите, пензиите и социјалната помош, а редовно биле исплатувани и субвенциите. Забележаа дека е погрешна политиката на сегашната Влада да ја запре реализацијата на значајни инфраструктурни проекти, како што се автопатите и регионалните патишта.

Пратениците од СДСМ, пак во текот на вчерашната расправа, забележаа дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не водела сметка за приватниот сектор и за подобар и подостоинствен живот на граѓаните.

На денешната пленарна седница беше донесена одлука за разрешување на генералниот секретар на Собранието на РМ, Жарко Денковски. За нов генерален секретар на Собранието на Република Македонија е назначена Цветанка Иванова, правник и поранешен пратеник од СДСМ.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери попладнево ја прекна осмата седницата, а продолжението, како што рече дополнително ќе биде закажано.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година