Со соседска хуманост за поубави празници

Од:

По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, денес и утре (сабота и недела 22-23 декември), се одвива веќе осми пат по ред, традиционалната хуманитарна акција “Да бидеме хумани за нашите соседи”. Пред поголемите маркети во 14-те урбани и месни заедници во Општина Карпош, локалната самоуправа постави свои штандови, на кои жителите на Општина Карпош, како и другите купувачи, ќе можат да ја демонстрираат својата хуманост на дело, при своето редовно пазарење во маркетите, донирајќи по сопствен избор, најразлични производи, наменети за своите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. Во наредните денови, од насобраните производи, ќе бидат формирани т.н „хуманитарни пакети“ и истите ќе им бидат врачени на социјално загрозените семејства.

– Ова се наши традиционални хуманитарни акции, кои ги организираме трипати во годината. По повод, денот на Општината, по повод Новогодишните и Божиќните празници, како и за Велигденските празници, изјави во оваа пригода градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој даде и своја лична донација за оваа намена, пред супермаркетот на „Веро“ во Тафталиџе. Тој ги повика и останатите граѓани на Карпош, да ја покажат својата хуманост и солидарност кон нашите сограѓани кои навистина имаат потреба од тоа, со што би им ги разубавиле претстојните празници. Според него, Карпошовци се максимално солидарни и знаат да помогнат, имајќи во предвид дека најголемиот дел од оваа Општина е изградена од солидарноста на целиот свет и поранешна Југославија.

– Она што е особено важно, е дека ние на ваков начин помагаме на околу 160 семејства кои живеат на територијата на Општина Карпош. Освен тоа, локалната самоуправа напролет и наесен, за нашите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба, издвојува парични средства кои им се потребни, без разлика дали се работи за набавка на медикаменти, или пак, за плаќање на основните потреби, какви што се електрична енергија, огрев и исхрана – изјави градоначалникот Јакимовски.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира