Дали владиниот двокатен панорамски автобус за Охрид е врвот на поддршката на владата?

Од:

Дали владиниот двокатен панорамски автобус наменет за Охрид е врвот на поддршката на владата на ВМРО-ДПМНЕ за развој на Охрид, прашуваат од општина Охрид?

Со Одлука на Владата на Република Македонија , на Општина Охрид и се доделува еден новопроизведен двокатен автобус од отворен вид. Од таму велат дека автобусот ќе бил од голема корист за Охрид како туристички град затоa што евидентен бил недостаток но и потребата од ваков панорамски автобус со кој би се превезувале туристите низ Охрид,а автобусот ќе броел 60 седишта.

„Заради тоа и јавно а и институционално на следната седница на Совет ќе бараме да се постави точка на дневен ред за донесување Одлука за прием во сопственост на двокатниот автобус после која Одлука Општината ќе склучи договор со Министерство за Транспорт и Врски за превземање“ рече Дејан Пановски советник од ВМРО ДПМНЕ.

Пред неколку месеци, како подарок од владата, Охрид доби дотраен автобус употребуван четириесетина години во градскиот сообраќај во Скопје и тогаш советничката група на ВМРО- ДПМНЕ не побара да се донесе одлука на Советот на општина Охрид. Досега во општина Охрид нема пристигнато никакво официјално известување за подарување на панорамскиот автобус и беспредметно е за тоа да расправа Советот на општината Охрид велат од локалната самоуправа.

„Наместо за автобусот , доблесно е да предложат Советот да расправа за тоа што придонесе централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ , или попрецизно кажано, зошто со години го кочи развојот на Охрид. Покрај еден автобус како подарок од власта на ВМРО- ДПМНЕ граѓаните очекуваа до Охрид да се изградат ветените автопатишта, железница и да се привлечат странски инвестиции. Граѓаните тоа го знаат и затоа оние кои лажно ветуваат , како што е ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги казнат на престојните избори велат од општина Охрид“ стои во реакцијата од кабинетот на Градоначалникот на Охрид.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски