Вчера околу 4 часот во ноќен клуб во Прилеп, му се слошило на Е.М. (1992), германски државјанин кој престојувал во с. Дебреште.
Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница во Прилеп, каде била констатирана смрт.
Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Прилеп, а по наредба на јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција.