(ВИДЕО) Јовановски: Ставот на СДСМ е јасен, попуштање нема

Од:

Политичкиот став на СДСМ е многу јасно искажан и СДСМ останува доследен на тоа што го кажа. Планот за штедење владата треба да го прифати, тој е во интерес на сите граѓани на Македонија. Сите заедно да ја делиме судбината во ова тешко време. Очекуваме владата тоа да го прифати во спротивно СДСМ останува на позициите кој што ги има. Попуштање нема, изјави потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски во Прилеп, каде имаше средба со земјоделски здруженија од Прилеп, Битола, Куманово и Струмица, на кои им објасни планот за штедење на СДСМ.

– Ги информирав земјоделците дека и покрај лажната конструктивност која што владата сака да ја покаже последниве денови позади грб последните четири дена владата се задолжи на домашниот пазар за околу 150 милиони евра. Од една страна го кажуваат тоа што го кажуваат а од друга страна продолжуваатда го прават тоа што го прават изминатите неколку години интензивно.Покрај тоа што разјаснивме дека субвенциите за земјоделците си остануваат и не треба земјоделците да се грижат околу тоа. Разговаравме и за многу други проблеми со кој што земјоделците се соочуваат во секојдневниот живот во поглед на нивната работа. Навистина крајно време е земјоделците во република Македонија да го добијаат она што навистина треба да го имаат а тоа е еден систем во функционирањето на земјоделството и тоа СДСМ ден поскоро навистина ќе им го овозможи, изјави Јовановски.

Тој нагласи дека земјоделците не само од прилепскиот регион, туку и од другите краишта на Македонија се пожалиле на исплатата за субвенциите.

– Се пожалија во однос на враќањето кој се поврзани со 50-50 околу набавката на земјоделската механизација. Се пожалија во однос на распределбата на земјиштето а се пожалија и на цената на нафтата за која што ја користат во земјоделието.Проблемите со пласманот на производите,проблемите со откупот на она што го произведуваат,навистина многу проблеми имаат земјоделците денес во Македонија – рече Јовановски.

Доколку до крајот на годината не се донесе буџетот за наредната година тогаш во јануари во наредната година министерството за финансии може да одобри трошење на пари во износ од една третина од парите што билепотрошени во првите три месеци од претходната година, изјави Јовановски.

– Значи во Јануари 2013-та година министерството за финансии може да одобри трошење на една третина што е потрошено во период јануари-март 2012-та година. Даноците ќе продолжат да сеплаќаат, државата ќе продолжи да прибира приходи и од таму гледано како што во првите 3 месеци од 2012-та година имало пари за исплата на плати на пензии, на социјална помош по истата таа логика истите тие пари повторно ќе може министерството за финансии да ги даде и во јануари и февруари. Се разбира ние очекуваме бидејќи нашиот план за штедење е домаќински и исклучително разумен и има за цел да го прекине однесувањето на владата задолжи се за да се луксузираш. Ние очекуваме дека владата ќе најде сила да постапи разумно и ќе го прифати планот за штедење кој што ние го предлагаме. Тој е рационален и сакаме владата да ја дели судбината на владата,буџетот каков што сега владата го има замислено не е таков, тврди Јовановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кој го мести Бојан Стојаноски од ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудството ги штитат луѓето на ДУИ и синиот на пратеникот Јахоски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада се дел од сегашните судии и обвинители, обвинува Мицкоски

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски