Повеќето канцеларии, посебно кај нас, се декорирани во стил кој одамна е излезен од мода, заедно со крутиот и гломазен мебел.
Од друга страна, денешниот пазар е во потрага по лесен, повеќенаменски мебел, кој го штеди просторот и идеално се вклопува во ентериерот на современите канцеларии.
Решението го нуди компанијата „Стронг Пројект“ со својата нова колекција на модуларен мебел, која инспирира продуктивност, креативност и соработка меѓу вработените. Мебелот делува футиристички, со стаклени столици, работен кабинет на склопување и мултифункционални предмети, кои можат да се преместуваат по потреба.
Ваквиот модерн канцелариски мебел драстично да го менува работниот простор, го прави единствен и буди инспирација, како меѓу вработените, така и меѓу клиентите.