Мирниот протест кој вчера го одржаа уметниците вработени во државните театри против блокадата на буџетот и како реакција на предлозите од СДСМ за штедење на буџетските пари, наиде на неодобрување од страна на нивните колеги.
На својот Фејсбук профил се огласи актерот Тони Михајловски кој смета дека тоа не биле протест на уметници, туку на техничари, хигеничари и гардеробери и неколку неуспешни обиди за уметници.
„Јас мојот штрајк против СДСМ го почнав 1997 година (кога беа на власт) така што им дадов отказ. Имав дупло помала плата од чуварот во театарот. Доволно голема причина за мене. Штрајкувам сам 16 години. Како ВМРО-вец ми ја ебаа мамата и Бранко, а богами и Љубчо. Ме ампутираа од сите театри. Мене денес ми се случува тоа што некогаш им се случувало на ВМРО-вците во Југославија. Тоа што никогаш не му се случувало на месијата на Драмски театар. Денес се засрамив од уметноста, од професијата, од себе. Се чувствувам предаден, изигран, продаден. И емотивно ограбен“, пишува Михајловски на својот профил.
Во коментарите можат да се видат конфронтирани ставови, но голем дел од ставовите му изразуваат поддршка на Михајловски, а од друга страна, го осудуваат протестот како политички исцениран.