ИД повторно му се заканува на Балканот

Од:

Терористичката организација Исламска држава повторно му се заканува на Балканот во најново издание на списанието „Румијах“.

Претставници на терористичката организација повторно ги повикаа симпатизерите да ги убиваат сите оние, кои според нив „не ги почитуваат правилата на Алах“.

До текстот е објавена фотографија на Хусеин Кавазовиќ, лидер на Исламската заедница во БиХ, на неговиот заменик Хусеин Смаиќ и на босанскиот муфтија, кои се оквалификувани како „измамници на исламот и лидери на неисламска заедница“.

Во текстот се упатува апел да им се отсечат главите, бидејќи како што пишуваат приврзаниците на ИД „нема ништо повредно за Алах од тоа да ги убивате оние, кои ја измениле верата во него, кои сакаат исламот да биде уништен одвнатре“.

– Напаѓајте ги, убивајте ги, тоа е навистина прекрасно дело, се вели во текстот и се повика „телата на измамниците да бидат уништени со експлозивни направи, нивните куќи да бидат нападнати, а тие да бидат убиени пред нивните жени и деца“.

– Пролејте ја нивната нечиста крв, нека тече по улиците на Балканот, пишуваат во текстот исламистите од ИД.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ