Црвенковски: Последниот момент кога мора да се каже Стоп!

Од:

Лидерот на СДСМ Бранко Црвеновски рече дека власта се обидува да го прекршии Уставот, Законот и Деловникот, и да инсталира партиска држава.

„Сега е последниот момент кога мора да се каже-Стоп! Мора да се дигне брана, да се стави рампа, да се каже- доста е, повеќе не ви дозволуваме! Сега е моментот кога треба да се избориме за иднината на целиот наш народ. Цврсто сме решени, овој пат сме решени да одиме до крај. Попуштања нема да има, запирање нема. Сакам да порачам дека сме силно убедени дека сме во право. Правдата е на наша страна, победата ќе дојде, изјави денеска лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, пред жителите на општина Бутел.

„Победа која во овој период и е толку неопходна на цела Македонија. Затоа што државата ни ја водат во погрешен правец, ја водат во провалија. Затоа што денес Македонија е држава во која живеачката станува се потешка, народ е се посиромашен, државата ни е се позадолжена. Затоа што сакаат власта да ја задржат по секоја цена, не бирајќи средства, со сила, со закани, со притисоци. Со кршење на Устав и на закон, со заплашувања“, истакна Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ