Претседателот на САД, Доналд Трамп пристигна во Елисејската палата на разговори со францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон и Трамп пристигнаа во претседателската палата откако претходно го посетија Националниот дом на инвалидите, каде се наоѓа и гробот на Наполеон Бонапарта.
Пред денешната средба со Трамп, Макрон се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел. На средбата беше потенцирано дека е важно да продолжи комуникацијата со претседателот на САД.